речник контакт

Циле Тетра си заминува, РК Борец пред згаснување?

Спонзорот заминува од РК Борец по нападот на навивачите врз него во Кавадарци. Иднината на клубот, член на Супер лигата, неизвесна.

Петар Печков

Ракометарите на Борец загубија во Кавадарци од Тиквеш со 22:33, но го загубија и спонзорот. На полувремето од натпреварот од 4-тото коло на Супер лигата, велешкиот спонзор Васил Нановски сопственик на Тетра Траншпед, бил нападнат во велешките навивачи „Гемиџии“ бидејќи не им платил и обезбедил превоз до Кавадарци да ја следат средбата.

Не бев удрен, но тоа што група хулигани постапи највулгарно кон мене, се нафрли, беше причина да го прекинам финансирањето на РК Борец и се повлечам. Ако беше од мене, беше доволно изјави Нановски. Во клубот разочарување, неверица и шок.

По добрите почетни резултати во Супер лигата, две победи од четири кола и откако велешани повторно се вратија на ракометот како спорт со најголема традиција, сега клубот е на работ од амбисот да прекине да се натпреварува. За недела дена следат два натпревари кога Борец е домаќин на Металург и Пелистер, но крајно е неизвесно дали екипата ќе продолжи со натпреварите во најквалитетното ракометно друштво.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »